• Иван Димовски
Фудбалерите на Баерн Минхен дочекаа кикс на Борусија Дортмунд против Мајнц 05, па прославија нова титула во Бундеслигата, единаесетта во низа.
Последното коло на германскиот фудбал понуди многу возбудувања. Борусија на полувреме заостануваше со два гола (0-2), додека баварците минимално водеа (0-1), па беа за нијанса помирни. Додека „милионерите“ се мачеа, среќа на „Сигнал Идуна Парк“ донесе Келн, бидејќи Љубичиќ погоди од пенал за 1-1 во 81. минута. Сепак, баварците си ја завршија работата пред крајот со голот на резервистот Џамал Мусиала.
Мечот во Келн заврши неколку минути порано. Поради тоа, иако се гледаше еуфоријата во редовите на Баерн, постоеше и доза на неизвесност за дуелот во Дортмунд. Томас Милер се најде во центарот на вниманието, тој беше на клупата и редовно и во живо ги известуваше соиграчите за исходот од Дортмунд. По крајот на мечот, сите фудбалери се собраа во круг и заедно гледаа во телефонот, еуфорично чекајќи крај. Кога беше означен, славјето на баварците започна.