Филип Миленковски се врати во матичниот Пелистер

Филип Миленковски одново ќе го облече дресот на Пелистер и наредната сезона ќе ја одигра во родната Битола. Левиот бек се раздели со Струга Трим Љум по само една година. 31-годишникот стави потпис на едногодишна соработка со пелистерци.

Миленковски го постигна најголемиот успех во „зелено-белиот“ дрес. Пред три години ја носеше капитенската лента во трумфот на Пелистер во Купот на Македонија.

Битолскиот прволигаш имаше проблеми ова лето. До самиот крај беше во неизвесност дали ќе добие пари за да регистрира доволен број играчи со кои ќе настапува во елитното друштво. Со потписот на левиот бек треба да започне екипирањето за новата сезона и деновиве ќе пристигнат уште неколку засилувања.

Првиот натпревар во новата сезона, битолчани ќе го одиграа на осми август против Македонија Ѓорче Петров во Скопје.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.