Миленикот на Клоп од Ливерпул ќе игра со Серафимов во Левски!

Бугарскиот првак Левски во чии редови настапува македонскиот фудбалер Никола Серафимов официјално го потврди ангажманот на српскиот интернационалец Марко Грујиќ. Искусниот играч за врска во Софија пристигнува како слободен агент, а со бугарскиот клуб потпиша договор на една година со можност за продолжување на уште една сезона.

Грујиќ во Левски доаѓа од редовите на грчки АЕК, кој воедно е и противник на бугарскиот тим во плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Триесетгодишниот фудбалер е добро познат на европската јавност како прво засилување на Јирген Клоп во Ливерпул. Српскиот интернационалец пристигна на „Енфилд“ во 2016 година од Црвена Звезда и за англискиот гигант одигра 16 натпревари, постигнувајќи еден гол.

Во текот на кариерата настапуваше и за Колубара, Кардиф Сити, Херта Берлин, Порто и АЕК. Најголем белег остави во Порто, каде одигра 140 натпревари и освои бројни трофеи, меѓу кои титула во португалското првенство, три национални купови, три Суперкупа и еден Лига куп.

Минатата сезона Грујиќ стана шампион на Грција со АЕК, а во неговото богато резиме се наоѓа и светската титула со младата репрезентација на Србија освоена во 2015 година. За сениорската репрезентација на Србија има 30 настапи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.