Миле Тодоров има нов клуб во прволигашкото друштво

Македонскиот фудбалер Миле Тодоров има нов клуб и е пред потпис со Брера Струмица, со која активно тренира.

25-годишниот играч од средниот ред беше дел од Работнички во изминатите шест месеци, но двете страни не ја продолжија соработката. Следна дестинација ќе биде Струмица, каде ќе игра за прволигашот.

Претходно, Тодоров беше дел од Тиквеш, Скопје, Победа, како и босански Радник и хрватски Осијек и Новиград.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.