Миле Спиркоски именуван за в.д. претседател на Победа

Прилепска Победа доби нов претседател, во името на Миле Спиркоски, кој важи за долгогодишен фудбалски работник.

Прилепчани имаа турбулентна сезона, испаднаа од Првата лига како последни, па сега ќе се борат да се вратат во елитата преку второлигашката конкуренција. За нов претседател на ФК Победа именуван е Спиркоски, кој ќе ја врши функцијата, но само како в.д., односно привремено.

Спиркоски ја вршеше функцијата на секретар, а претходно како функционер беше дел од Фудбалската федерација на Македонија, кога претседател беше Харалампие Хаџи-Ристески.

Претходно, претседател на прилепчани беше Небојша Стојковиќ, но во месец февруари си поднесе оставка.