• Мартин Танасковски
Екипата на Милан игра одлични пријателски натпревари. По победите над Манчестер Сити и Реал Мадрид, „росонерите“ успеаја да слават над Барселона во меч во кој победникот се одлучи по пеналите (2-2 регуларен дел, 4-3 пенали).
- Извештај од натпреварот:
Калчолигашот зеде трет голем скалп на подготовките во Соединетите Американски Држави и ги израдува своите фанови. Дуелот со Барселона која играше речиси во полн состав носи оптимизам за новата сезона.
Милан тргна феноменално во натпреварот и во пет минути им даде два гола на Каталонците. Прво, во 10. минута Лука Јовиќ погоди за предност, а потоа во 15. минута Кристијан Пулишиќ донесе плус два за италијанскиот клуб. Барселона од пораз ја спаси Роберт Левандовски кој беше двоен стрелец. Првиот гол Полјакот го даде во 22. минута, додека вториот пристигна во вториот дел, во 58. минута.
Откако мечот заврши со резултат 2-2, следеа пеналите. Серијата со одбранет пенал ја отвори Пена кој му фати шут на Бенасер, но Кунде промаши цел гол за Барса. Првиот гол го постигна Калабрија, па младиот Јунјент потоа не успеа да го совлада „росонерот“ Ториани. Иако за Милан, Калулу промаши цел гол во четвртата серија, голманот Ториани во шестиот обид му фати шут на Фаје и така Милан славеше во мечот.