• Зоран Мишевски

Ако во шампионатот игра променливо и заостанување зад лидерот Наполи, Милан е многу подобар од Куп-натпреварувањата. Екипата на Пауло Фонсека се пласира во четвртфиналето на Копа Италија, откако до врв ја наполни мрежата на второлигашот Сасуоло (6-1).
„Росонерите“ делуваа мотивирано, а Фонсека не ротираше премногу, за разлика од тенденцијата во Куп-натпреварувањето. Нигериецот Чуквуезе беше двоен стрелец, а по еднаш погодија Леао Рајндерс, Калабрија и Абрахам. Единствениот гол за гостите од Реџо Емилија го постигна Мулатиери.
Противник на Милан во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот Рома - Сампдорија.
- Извештај од натпреварот:
Прв четвртфиналист е Болоња, која попладнево со 4-0 ја надигра Монца.