Милан со Ибра доаѓа да го освои Неапол по десет години

Се враќа Серија А, а дербито на колото се игра во Неапол каде гостува Милан. Наполи пред на сезоната важеше за фаворит од сенка и најголема закана за Јувентус и Интер, додека „росонерите“ никој не ги очекуваше во борба за првото место. По првите седум кола, Милан го држи првото место и нема пораз, додека Наполитанците се на третото место со три бодови помалку.

Не сметајќи го поразот на „зелена маса“ од Јувентус, екипата на Џенаро Гатузо игра добро на отворањето од сезоната. Вистина, доживеаја шокантен пораз на свој терен од ослабениот Сасуоло, но тоа им беше единствениот кикс. Сите останати мечеви ги добија, а нападот со Осимхен, Инсиње, Мертенс, Лозано, Петања и останатите е можеби најсилен во лигата. Единствен проблем за Наполи во очи дербито е што нема да игра Осимхен, кој најверојатно нема да се опорави од повредата до мечот со „росонерите“. Ако не стигне, Мертенс повторно ќе биде на „деветката“.

>>> Сите квоти на мечот Наполи - Милан во MOZZART

Милан, од друга страна, е најголемо изненадување на сезоната. Предводен од неуништливиот Ибрахимовиќ, „росонерите“ имаа фуриозен старт, но потоа почнаа да остануваат без „гас“. Против Рома прокоцкаа победа, едвај го совладаа Удинезе, а потоа кикснаа дома против Верона. Сè се сведува на учинокот на Ибрахимовиќ и тоа полека станува проблем за Милан, бидејќи ривалите знаат што треба да направат.

На Милан му е потребно да „проработат“ Ребиќ, Леао, Чалханоглу или некој друг, а капитенот Ромањоли да ги избегне киксовите и да ја затегне последната линија. „Росонерите“ немаат проблеми во составувањето на тимот за Наполи, ама имаат проблеми за клупата. Тренерот Пиоли и првиот помошник Мурели се заразени со корона и не можат да ја водат средбата. Така, на клупата ќе дебитира Даниеле Бонера, некогашниот соиграч на Џенаро Гатузо.

Интересно, Милан последен пат славеше на „Сан Паоло“ пред десет години кога играше Гатузо, а еден од стрелците во победата беше Златан Ибрахимовиќ. Сега ќе се најдат на спротивни страни.