• Саше Љолес
Управата на калчолигашот Милан успеа да го договори трансферот на Ноа Окафор, кој заминува од Италија и наскоро ќе стане нов играч на РБ Лајпциг.
Преминот на Окафор е договорен, а според италијанските медиуми, „росонерите“ на овој начин ослободуваат место за евентуален трансфер на Маркус Рашфорд, кој е на излезни врати во Манчестер Јунајтед.
И тренерот Серџо Консеисао нема ништо против да го види Англичанецот во своите редови, но уште не е познато дали Рашфорд ќе ја прифати понудата на миланскиот гигант или ќе замине во друг клуб.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.