ВИДЕО: Милан рутински во Венеција, четврти триумф во низа за Комо

Екипата на Милан извојува важна победа во трката за пласман во еврокуповите и ја надигра Венеција на гостински терен со конечни 0-2 (0-1). 

„Росонерите“ го отворија резултатот преку Кристијан Пулишиќ, кој ја затресе мрежата уште во петтата минута од натпреварот, а победата беше запечатена во последната минута од судиското надополнување со погодокот на Сантиаго Хименез.

Венеција имаше еден поништен гол во првиот дел, се бореше со сите сили и во второто полувреме да остане непоразена, но „росонерите“ не дозволија лесен приод кон нивниот гол и заслужено се радуваа на триумфот. 

  • Венеција - Милан 0-2:

Со оваа победа Милан стигна до 54 бода и останува во тешка мисија за излез во Европа следната сезона, додека Венеција грчевито се бори за опстанок во елитата, но останува претпоследна на табелата со 25 бодови.

  • Комо - Џенова 1-0:

Комо ја забележа четвртата победа во низа и славеше исто така со 1-0 (0-0) над екипата на Џенова. Избраниците на Сеск Фабрегас го освоија целиот плен со погодокот на Габриел Стрефеца во 59. минута. Двете екипи се сигурни на средината на табелата.