Милан Ристовски желба на два клуба од втората Бундеслига!

Македонскиот младински репрезентативец Милан Ристовски одигра фантастична сезона во словачка Нитра каде беше позајмен и се врати во Ријека, но клубот од „Рујевица“ многу веројатно ќе го продаде во овој преоден рок.

Ристовски, кој има 22 години, оваа сезона заврши со 11 постигнати гола и веќе е интересен за неколку клубови. Најзаинтересирани за него се екипи од втората германска Бундеслига, а се работи за Ерцгебирге АУЕ и Падерборн 07.

Преговорите меѓу двете страни се веке во тек, а Ријека е расположена да го продаде. Договорот меѓу хрватскиот клуб и македонскиот играч е до 2021 година, што значи дека ќе се добие финансиска сума како отштета.

Покрај во Нитра, Ристовски играше како позајмен и во словенечки Кршко, а кариерата ја започна во редовите на Работнички.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.