ВИДЕО: Милан Ристовски во 94. минута донесе бод за Трнава

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски е јунак на Спарта Трнава во дерби-пресметката со ДАЦ Дунајска Стреда во рамки на словачкиот фудбалски шампионат.

Трнава на гостински терен беше во негатива, се до 94. минута кога по една нафрлена топка Ристовски доби топка во казнениот простор и од прва ја смести во противничката мрежа, за конечни 1-1.

  • Голот на Милан Ристовски против Трнава:

За 23-годишниот Ристовски ова беше осми погодок оваа сезона во словачката Фортуна Лига.