• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски им се врати на клупските обврски. Заедно со Дарко Велковски играа за Ријека, во победата над австриски Волфсбергер во пријателски натпревар (3-1).
Хрватскиот тим беше одличен, а Ристовски и Велковски влегоа од клупата за резерви. Македонските репрезентативци кои последни се приклучија на подготовките влегоа на терен во 65. минута.
Милан Ристовски успеа да ја запечати победата на Ријека пред самиот финиш, кога доби топка од Принц Ампем и ја смести во мрежата на противникот.
Ристовски е долги години во Ријека, а минатите сезони ги минуваше на позајмици. По добрите изданија во Спартак Трнава и репрезентацијата, нема да е изненадување ако оваа година добие поголема шанса во првиот тим и остане на „Рујевица“.