• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски се најде во тимот на колото во Словачка поради доброто издание кое го имаше за време на изминатиот викенд.
Стандардно, секое коло, словачката лига ги бира најдобрите, а нашиот сениор доби место во идеалниот тим затоа што имаше две асистенции за неговата Спартак Трнава, која иако го загуби мечот со Ружомберок (2-3), го одбележа изданието на Ристовски.
Меѓу најдобрите имаше место и за поранешниот вардарец Тигран Барсегјан кој настапува за Слован Либерец.
24-годишникот оваа сезона настапи на сите девет натпревари за Спартак Трнава, а покрај двете асистенции има и уште два гола во дресот на словачкиот прволигаш.