Милан Ристовски се сели во Полска, го бара Лех Познањ

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски е пред заминување од Ријека и преселба во Полска од каде постои интерес од Лех Познањ.

Младинскиот репрезнетативец до 21 година имаше одлична сезона во Словачка каде беше позајмен во Нитра, па е пред реализација на интернационален трансфер.

Медиумите од Хрватска велат дека Лех Познањ е сериозно заинтересиран за неговиот потпис и ќе се обиде да го донесе. Претходно, со Ристовски се поврзуваа два клуба од втората Бундеслига.

Ристовски во Риејка пристигна од редовите на Работнички, а низ кариерата играше на позајмици затоа што на „Рујевица“ немаше место за него во нападот.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.