• Зоран Мишевски

Големиот македонски талент и младински репрезентативец, Милан Ристовски повторно се враќа во шампионатот на Словачка и до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Спартак Трнава.
Ристовски e пратен на позајмица во Трнава и би требало да има потребна минутажа за враќање во ритам по тешката повреда. Младиот Македонец веќе играше во Словачка, каде одлично се покажа во дресот на Нитра. Пред Нитра и Ријека, помладиот брат на Стефан Ристовски ги носеше и дресовите на Кршко од Словенија и нашиот Работнички.
Се предвидува дека од следната сезона напаѓачот на У21 репрезентацијата на Македонија ќе се врати на „Рујевица“ во Ријека.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.