Милан Ристовски од Македонија ЃП замина во Косово

Македонскиот фудбалер Милан Ристовски реши да ја промени средината и од Македонија ЃП да замине да игра фудбал во Косово.

Ристовски го засили тимот на Феризај, кој се наоѓа во долниот дел на табелата и ќе бара подобри резултати напролет. Со тимот тој потпиша договор до крајот на сезоната.

Покрај за „лавовите“, Ристовски во минатото настапуваше и за Еуромилк, Тетекс, Гостивар, Металург...