• Горан Упале
Македонските репрезентативци денеска беа расположени за голови. Во листата на стрелците се запиша и Милан Ристовски, кој веќе трета сезона ги брани боите на Бохемијанс од Чешка.
Во денешниот натпревар против Пардубице, нашиот напаѓач само што влезе во игра ја стресе противничката мрежа, но неговиот погодок не беше доволен за поволен резултат на Бохемијанс. Ристовски погоди во првата минута од судиското надополнување, и го постави конечниот резултат од 1-2. За 27-годишниот напаѓач ова беше втор овосезонски погодок во чешкиот шампионат, првиот го погоди кон крајот на септември.
Jediný gól Bohemky dal v závěru Milan Ristovski pic.twitter.com/Rvv4WaG0xq
— Bohemians Praha 1905 (@bohemians1905) February 8, 2026
Инаку, денеска противничките мрежи ги затресоа уште Бојан Миовски во Шкотска и Елмин Растодер во Швајцарија.

