• Мартин Танасковски
Македонскиот напаѓач Милан Ристовски продолжи да игра во добра форма за Спартак Трнава и повторно се запиша во листата на стрелците.
23-годишниот напаѓач постигна два гола во победата над Белуша (3-0) во рамки на Купот на Словачка. Ристовски го отвори резултатот, а потоа ја запечати победата.
Милан Ристовски поради добрата форма се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за натпреварите на Македонија во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година.