• Иван Димовски
Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски беше херој на Спартак Трнава во осминафиналното гостување кај Кошице во Купот на Словачка. Неговиот тим победи со 1-2, а токму Ристовски беше стрелец на одлучувачкиот погодок во завршницата.
Откако Мартин Шкртел го отвори резултатот, Молвадгард израмни. Сепак, течеше 85. минута кога Ристовски доби одлична долга топка, истрча до пред противничкиот гол и ја протна меѓу нозете на голманот за победа на неговата екипа.
- Победоносниот гол на Милан Ристовски:
По погодокот македонскиот напаѓач прослави пред трибината со фановите кои беа присутни на ова гостување. Спартак Трнава се пласираше и го чека ривалот во четвртфиналето на Купот.