• Сашо Поповски

Хаким Зијеч е интересен за Милан, кој му нуди позајмица и повисока минутажа во претстојната сезона.
28-годишникот не се изнаигра во Челзи, откако пристигна од редовите на Ајакс. Мароканецот имаше проблеми со повреди и поради тоа не можеше да се бори за стартна позиција кај Томас Тухел.
„Росонерите“ во него гледаат одлична опција за нападот во следната сезона. Покрај за него, калчилигашот се интересира уште и за Иско и Филипе Кутињо.
Италијанскиот клуб има одличен однос со „сините“ од Лондон. Веќе склучи соработка со Оливие Жиру и Фикајо Томори, кои си заминаа од премиерлигашот.
Останува да видиме дали Тухел го има Зијеч во своите планови за сезоната која следува.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.