Милан потпиша со „Пума“, откако се раздели со „Адидас“

Гигантот на европскиот фудбал, Милан денес ја потврди соработката со концернот за спортска опрема „Пума“, откако по соработката од десет години се раздели со германскиот бренд „Адидас“. Од 1 јули 2018 година „Пума“ ќе биде глобален и технички добавувач и официјален лиценциран партнер на клубот од „Сан Суро“. 

Откако претходнно потпиша соработка со Арсенал, Борусија Дортмунд, репрезентации на Италија, Австрија, Швајцарија, „Пума“ го официјализираше најдолгиот и финансиски најповолен договор. Не се објавени детали, но се шпекулира дека договорот е поголем од тој на Арсенал, но помал од поранешниот потпишан со „Адидас“.

Гризман, Агуеро, Фабрегас, Балотели, Буфон се само дел од фудбалерите со инвидуален договор со „Пума“.