Милан остана без двајца многу важни играчи, па се реши за преседан

Екипата на Милан во наредните натпревари ќе мора да игра без двајца клучни фудбалери откако голманот Мајк Мењон .фбеше подложен на оперативен зафат, а Тео Хернандез е позитивен на ковид-19. 

Одличниот бек имаше голем удел во освојувањето на трофејот во Лигата на нациите со Франција. Хернандез беше стрелец на победоносниот гол во полуфиналето со Белгија, а асистираше и во финалето при спорниот погодок на Мбапе. Сепак, во по враќањето во Милано тој доби позитивен наод на ковид-19 и ќе мора да паузира.

Чуварот на мрежата го мачеше повреда на зглобот на раката, па по репрезентативната пауза се одлучи да „легне под нож“. Мењон ќе паузира десет седмици.

Милан се реши за преседан, па среде сезона доведе уште еден голман. Се работи за Антонио Миранте, кој е слободен агент. 38-годишникот е без клуб по заминувањето од Рома, а веќе ги мина медицинските прегледи и му се стави на располагање на Стефано Пиоли. На ваков чекор „росонерите“ се решија бидејќи и третиот голман Пликари е повреден, па Татарушану остана единствена сениорска опција.