Милан не смее да чека повеќе и е пред нов договор со Донарума

Доколку им веруваме на медиумите во Италија, седумкратниот европски шампион Милан се договорил со својот бисер Џанлујџи Донарума за продолжување на соработката 

Актуелниот договор на одличниот голман со миланезите му завршува по крајот на оваа сезона, а според клаузулата уште во јануари ќе може да преговара со нов клуб, но тоа нема да се случи, затоа што ќе ја продолжи верноста со клубот од „Сан Сиро“.

Според шпекулациите, поголемиот дел е договорени, а наводно остануваат уште неколку ситници поврзани со финансиските примања. Донарума сака да потпише договор на нови три години со плата од 8 милиони евра, додека Милан му нуди четиригодишен договор со плата од седум милиони евра. 

Донарума, исто како и комплетниот тим на „росонерите“ оваа сезона блескаат во Серија А, а тој досега својата мрежа ја сочувал незатресена четири пати.