• Мартин Танасковски
Екипата на Милан продолжи да игра во добра форма и со рутинска победа над Емполи (3-0) ја прекина низата од две ремија во калчото.
- Извештај од натпреварот:
„Росонерите“ очекувано беа доминантни во однос на ривалот и дојдоа до шестата победа по 14 одиграни кола во Серија А. Ова е добра увертира за Милан пред натпреварот против Сасуоло во Купот на Италија кој се игра за време на седмицата.
Човек на натпреварот на „Сан Сиро“ беше Тијани Рејндерс, затоа што Холанѓанецот успеа да постигне два гола во мрежата на противникот. Поточно, вториот и третиот гол за Милан кои пристигнаа во 44. и 69. минута од мечот. Прв стрелец на дуелот во Милано беше Алваро Мората во 19. минута.
Милан е на седмото место во Серија А со 22 бода, а во следната рунда го чека дерби-дуел против Аталанта на гостински терен.