ВИДЕО: Милан ја прескокна Болоња и ги врати надежите за пласман во ЛШ

Во последниот натптревар од 35. коло на Серија А, на „Сан Сиро“ фудбалерите на Милан ја совладаа Болоња со 2-1 (1-0) и ги задржаа своите шанси за пласман во Лигата на шампионите. Сега избранциите на Џенаро Гатузо на три кола до крајот заостануваат три бода зад четвртопласираната Атланта.

  • Извештај од натпреварот:

Почетокот на натпреварот им припадна на гостите, кои имаа две изгледни шанси, но обидите на Орсолини и Паласио, Донарума одлично ги скроти. Во 28. минута Паласио го совлада домашниот голман, но погодокот оправдано беше поништен поради офсајд.

Како одминуваше првиот дел „росонерите“ ја преземаа иницијативата, а тоа вроди со плод во 37. минута, откако Сусо одлично биеше од работ на шеснаесетникот и ја смести топката во гостинскиот гол (1-0).

Вториот дел започна со шанса на Чалханоглу, а гостите возвратија преку Пулгар, но резултатот остана непроменет. Резулатот од првиот дел на сила беше се до 68. минута, кога Фабио Борини една одбиена топка ја смести во гостинскиот гол (1-0). Надежта на гостите шест минути подоцна ја врати Матиа Дестро (2-1), а во 75. минута домаќините останаа и со човек помалку по исклучувањето на Пакета.

По црвениот картон домаќините главно беа ориентирани на чување на својата предност и на крајот успеаја да освојат важни три бода. Во 97. минута и гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Сансоне.

Во следното коло Милан ќе игра на гостински терен против Фиорентина, додека Болоња опстанокот ќе се обиде да го завери на домашен терен против Парма.