ВИДЕО: Милан ја прекина кризата, Беневенто пак победи, шоу на Имобиле кај СПАЛ

Екипата на Милан ја прекина резултатската криза која го тресеше тимот во Серија А и тоа откако минимално на својот „Сан Сиро“ славеше над Кротоне (1-0).

Победата на „росонерите“ можеше да биде далеку поубедлива, но сепак, остана минимална на крајот. Милан постигна и втор гол во мрежата на Кротоне во вториот дел, но сепак, истиот беше поништен поради ВАР-техонологијата.

Единствениот гол вреден три бода на мечот го постигна Леонардо Бонучи, кој стрелаше во 54. минута по еден изведен корнер и грешната проценка на гостинскиот голман. 

Големи три бода освои и Беневенто, кој на домашен терен направи херојски пресврт и ја совлада Сампдорија со 3-2 (0-1). Гостите имаа предност со гол на Капрари кој погоди пред финишот на првиот дел, а во вторите 45 минути, Кода и Брињола донесоа нова голема радост за „фенерџијата“, втора оваа сезона.

Лацио на погонот на Чиро Имобиле дојде до триумф на гостувањето кај Спал (2-5). Четири гола во мрежата на противникот постигна италијанскиот репрезентативец, кој воедно беше прогласен и за играч на натпреварот, додека еднаш погоди Шпанецот Луис Алберто.

Џенова и Горан Пандев на домашен терен славеа триумф над Сасуоло (1-0). Единствениот гол го постигна Галабинов во 80. минута. Пандев на теренот мина 56 минути.