Милан ја откри сериозноста на повредата на Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ

Најдобриот стрелец во Серија А, Златан Ибрахимовиќ, ќе биде надвор од конкуренција за наредните три натпревари на Милан.

Шведскиот напаѓач постигна два гола кај Наполи, а во завршницата беше заменет поради повреда. Денешните прегледи утврдија дека има ситна повреда на задната ложа, поради која ќе одмара најмалку десет дена.

Пред да се врати на теренот, 39-годишникот ќе направи уште еден тест, а потоа ќе чека дозвола од докторите на тимот.

Ибрахимовиќ игра фантастична сезона во дресот на „росонерите“. На сите шест меча во италијанското првенство се запиша во листата на стрелци и веќе стои на десет погодоци.