• Иван Димовски
Фудбалерите на Милан запишаа реми во последното коло на Серија А, против прежалената Салернитана со 3-3 (2-0). Натпреварот на „Сан Сиро“ мина во знакот на оние кои заминуваа, пред сè за напаѓачот Оливие Жиру и тренерот Стефано Пиоли.
„Росонерите“ одиграа моќно прво полувреме во кое дадоа два гола, а можеа најмалку уште толку. Салернитана практично не постоеше во првиот дел пред разиграниот домаќин. Резултатот го отвори Рафаел Леао по катастрофалја грешка на голманот Фиорило кој испушти топка пред Португалецот, а овој погоди за 1-0 во 22. минута.
Само пет подоцна за ерупција од одушевување на трибините стрела и Жиру. Искусниот голгетер кој по крајот на сезоната се сели во МЛС лигата по асистенција на Флоренци, во свој стил погоди за 2-0. До паузата уште еднаш се тресеше мрежата на гостинот од Салерно, меѓутоа поради минимален офсајд беше поништен голот на Хернандез.
Откако како-така го преживеа првото полувреме, Салернитана се консолидира, но и Милан ја пушти ногата од гаста. Гостите успеаја да дојдат до гол за простување од елитата преку Сими во 64. минута. Следеше нов гол за Милан, овојпат преку капитенот Давиде Калабрија за 3-1. Цел стадион се крена и со овации го испрати Оливие Жиру.
- Извештај од натпреварот:
Сепак, славјето на „росонерите“ го расипа гостинот бидејќи за три минути со два гола дојде до израмнување (3-3). Стрелци за Салернитана во финишот беа Самбиа и Сими.