ВИДЕО: Милан испушти два гола предност и ремизира со Парма

Фудбалерите на Парма ремизираа со Милан (2-2) во натпреварот од 11. коло на Серија А. Средбата на „Енио Тардини“ тргна со сигурна игра на „росонерите“ и водство од два гола, ама заврши во корист на домашниот тим. 

  • Извештај од натпреварот:

Резултатот беше отворен во 12. минута со голот на Алексис Салемакерс за 0-1. „Росонерите“ удвоија на 0-2 во 25. минута со голот на Рафаел Леао по пенал кој беше направен над Салемакерс. Во продолжението на полувремето Парма се наметна и успеа да се врати во игра со голот на Бернабе за 1-2 во 46. минута. 

„Млекарите“ продолжија со притисокот во вториот дел и се заканија преку Бернабе и Пелегрино, а потоа израмнување донесе Де Прато. Во финишот „росонерите“ беа подобар ривал и притиснаа, ама не успеаја да стигнат до победата. 

Милан стигна до втората позиција во калчото со 22 бода по 11 кола, а Парма има осум.