• Мартин Танасковски
Екипата на Милан со убедливи 4-0 го прегази Салцбург во Лигата на Европа, а човек на натпреварот беше Алфаџо Сисе, млад 19-годишен офанзивец кој даде хет-трик во мрежата на австрискиот тим.
- Салцбург - Милан 0-4:
Младиот напаѓач на Милан го постигна првиот хет-трик во професионалната кариера. Со трите погодоци, 19-годишниот Италијанец испиша историја и стана најмладиот фудбалер од својата земја кој постигнал најмалку три гола на еден натпревар во големите европски клупски натпреварувања. Сисе ја продолжи одличната форма на почетокот од сезоната 2026/27, со хет-трик во првите 50 минути од дуелот со австрискиот тим. Со тоа, неговиот учинок достигна пет гола на првите седум натпревари за Милан.
Според податоците на „Опта“, Сисе со 19 години и 358 дена го оствари историскиот подвиг. Младиот напаѓач претходно се истакна и во дресот на италијанската репрезентација до 21 година, за која во септември го постигна победничкиот гол во триумфот од 1-0 во квалификациите за Европското првенство во 2027 година.
Интересно е што Сисе не бил ниту роден кога последен пат фудбалер на Милан постигнал хет-трик во официјален европски натпревар. Тоа му успеа на Филипо Инзаги во 2002 година, кога „росонерите“ славеа со 4-0 против Депортиво Ла Коруња во Лигата на шампионите.
- Олимпик Лион - Кристал Палас 3-2:
На останатите натпревари во Лигата на Европа, АЗ Алкмар со 2-1 го победи Хапоел Бер Шева, Омонија беше сигурна кај Целје (3-0), Баер Леверкузен го надигра Лех (4-0), Лион го доби возбудливиот дуел со Кристал Палас (3-2), Сандерленд со доцен гол го победи португалскиот хит Торенсе (2-1), додека без победник завршија мечевите Ројал СЖ - Реал Сосиедад (1-1), односно Спарта Прага - Лилестром (1-1).
- Ројан Унион Сент Жилоа - Реал Сосиедад 1-1:
Вечерва се играат преостанатите натпревари од второто коло.









