ВИДЕО: Милан Илоски даде осми гол на последните шест меча – и тоа каков!

Милан Илоски кој има македонски корени игра во врвна форма во МЛС. Напаѓачот го инспирираше лудиот пресврт на Филаделфија Јунион од 0-2 до 3-2 во завршните минути од домашниот дуел против Атланта, откако постигна мајсторски гол и ја продолжи неверојатната серија. 

По една уфрлена топка во шеснаесетникот Илоски неочекувано за голманот само ја префрли топката преку него играјќи со пета на многу атрактивен начин. Во продолжението неговиот тим даде уште два гола и стигна до победата. 

Инаку, ова беше шести последователен меч на кој Милан Илоски постигна гол. Во тие средби тој има дури осум погодоци, а вкупно е на десет на 18 натпревари во МЛС сезонава.