• Мартин Танасковски
Поранешниот македонски дефанзивец, а сегашен тренер, Милан Илиевски - Мичка, се врати во Академијата на фудбалскиот клуб Вардар по кратка пауза од тамошниот ангажман.
Илиевски, кој работеше како тренер и во сениорскиот фудбал и беше дел од ПМФЛ, ќе ја води Генерацијата 2007 година. За него ова е враќање во редовите на „црвено-црните“ по две години кога претходно ги водеше вардаровите надежи.
Милан Илиевски е поранешен фудбалер на Вардар, таму ги има направено првите фудбалски чекори. 42-годишникот се пензионира во 2016 година како играч на Работнички, а како тренер работеше во селекцијата на Македонија како асистент, како и во Македонија ЃП и Работнички како прв тренер.
Вардаровите надежи овој викенд ќе ги одиграат првите натпревари во младинските категории против Беласица.