Милан и Севиља се договорија, Андре Силва ќе игра на „Санчез Писхуан“

Првите луѓе на Севиља и Милан успеаја да се договорот и играчот на „росонерите“ Андре Силва во наредната сезона ќе настапува на „Санчез Писхуан“, а останува во наредните неколку дена трансферот и официјално да биде потврден.

Според договорот, Португалецот во Севиља ќе настапува како позајмен играч, со можност по завршувањето на сезоната да биде откупен за 38 милиони евра. Силва минатото лето на „Сан Сиро“ пристигна како големо засилување, но за тимот успеа да постигне само два гола во Серија А.

22-годишниот напаѓач својата професионална кариера ја започна во тимот на Порто, од каде за 38 милиони евра минатото лето се пресели во Милан. За репрезентацијата на Португалија запиша 26 настапи и постигна 12 гола.