• Саше Љолес
Aнглискиот фудбалер Рубен Лофтус-Чик и неговиот Милан запишаа нов рекорд оваа сезона во италијанската Серија А.
Во победата над Пиза со 2-1, Лофтус-Чик постигна беше стрелец на еден од головите за „росонерите“, а погодокот на англискиот фудбалер дојде по низа од 27 последователни додавања, што претставува најдолга таква серија во овогодинешното издание на елитниот италијански фудбал.
Лофтус-Чик е член на Милан од 2023 година. Во тековната сезона настапи на 26 натпревари, постигна три гола и запиша една асистенција. Милан во моментов е на втората позиција на табелата, со осум бода помалку од водечкиот Интер.











