• Иван Димовски
Поранешниот традиционален натпревар под името „Трофео Луиџи Берлускони“ добива свој наследник. Милан и Монца од оваа година ќе започнат со организација на претсезонски тест дуел во чест на починатиот претседател Силвио Берлускони.
Годинава на осми август во 21:00 часот на „Бриантео“ во Монца за првпат ќе се одржи мечот за трофејот „Силвио Берлускони“. Човекот кој беше најуспешен претседател во историјата на Милан и го одведе до врвот на Европа и светот, во минатите години беше ангажиран во Монца. Од малиот клуб од предградиет на Милано направи стабилен калчолигаш, па ужива популарност и на тие простори.
Првото издание на „Трофео Силвио Берлускони“ ќе се игра во Монца, а најавено е дека низ годините екипите ќе се менуваат во домаќинството.