ВИДЕО: Милан го сруши бастионот Бергамо, нови два гола на Пјатек

На теренот на кој лошо минаа сите италијански гиганти, Милан ја совлада Аталанта со 1-3 и продолжи да се искачува на табелата во италијанската Серија А. Екипата на Рино Гатусо се созеде по лошиот старт и во интервал од 15 минути постигна три гола за значајна победа.

Аталанта започна да доминира, почесто ја имаше топката во своите нозе и како резултат на тоа Фролер во 33. минута го изненади Донарума и го отвори резултатот (1-0). Кога се чинеше дека со тој резултат ќе се замине на одмор, Пјатек со феноменален волеј од свртување го шокира Бериша и израмни на 1-1.

Милан во вториот дел влезе со друг менталитет и благодарение на инвидуалците стигна до пресврт. Најнапред, Хакан Чалханоглу со удар од голема далечина ја „искина“ домашната мрежа за 1-2, а потоа Пјатек со глава по корнерот на турскиот креативец ги постави финалните 1-3. Со овие два гола полскиот напаѓач веќе има шест гола на пет официјални натпревари во новиот дрес.

Милан скокна до 42 бода, само еден помалку од третопласианиот Интер, кој има еден натпревар помалку.