Милан го руши клупскиот трансфер рекорд, доаѓа нов напаѓач!

Италијанскиот гигант Милан ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд, бидејќи го договори доаѓањето на Гонсало Рамос од редовите на ПСЖ. 

Напаѓачот е во втор план во редовите на европскиот првак, а по директен повик од Рубен Аморим доаѓа како прва желба на новиот тренер на „росонерите“. Рамос веќе ги мина медицинските прегледи во репрезентативниот камп на Португалија, а се очекува да допатува во Милано на потпис по крајот на Светското првенство за неговата репрезентација. 

За услугите на напаѓачот од Португалија ќе биде исплатена рекордна сума која ќе ја надмине онаа од 49,5 милиони евра која беше пластена во 2019 за Рафаел Леао. Се очекува за овој трансфер Милан да плати 74 милиони евра, плус одредени бонуси. За сумите уште се шпекулира, ама дури и основата да е пониска (меѓу 50 и 60 милиони), бонусите би биле подостижни и без проблем ќе се надмине сума од 70 милиони евра. 

Оваа сезона Гонсало Рамос беше резервист во ПСЖ. Тој одигра вкупно 45 натпревари во сите конкуренции, даде 12 гола и подели две асистенции. Во Париз е од 2023 година кога беше на позајмица од Бенфика, а следното лето парижани го откупија за 65 милиони евра. Оттогаш за ПСЖ одигра 131 натпревар и постигна 45 погодоци, со уште десет асистенции.