Милан го пушти најмладиот калчо-дебитант во Лече

Суперталентираниот Франческо Камарда ќе ја продолжи својата кариера во Лече, откако клубот од југот на Италија постигна договор со Милан за едногодишна позајмица на младиот напаѓач.

Лече доби и право на откуп на крајот од сезоната, доколку двете страни се задоволни од развојот за сума од три милиони евра. Сепак, Милан се обезбеди и има право да го врати Камарда во своите редови за милион повеќе. 

Камарда е производ на младинската школа на „росонерите“ и важи за најперспективен напаѓач на својата генерација на Апенините. Тој веќе испиша историја со тоа што стана најмладиот дебитант во Серија А.

За младинските категории на Милан има постигнато 89 гола на 485 натпревари, а минатата сезона доби и шанса да дебитира за сениорскиот тим, иако најчесто беше лидер во нападот на младинците. Италијанецот го постигна и првиот гол во Лигата на шампионите, ама истиот беше поништен поради недозволена позиција. Иако имаше повеќе понуди за позајмица, Камарда се реши за Лече каде ќе добие поголема минутажа и простор за развој.