ВИДЕО: Милан го одигра најефикасниот меч и триумфира вo Болоња

Италијанскиот калчолигаш Милан забележа важна победа во Серија А и се радуваше на три бода на гостувањето кај Болоња (2-3), во претпоследниот дуел во рамки на 15. коло од шампионатот.

  • Извештај од натпреварот:

Дуелот го одбележа враќањето на Синиша Михајловиќ на клупата на домашните, како и добрата игра на Милан кој победи со стил и три постигнати гола во противничка мрежа за прв пат оваа сезона. За „росонерите“ ова беше шеста победа во Серија А оваа сезона и тимот е на деветтото место.

Што се однесува до натпреварот, резултатот се отвори во 15. минута кога Пјатек реализира од пенал кој претходно го направи Бани. Во 32. минута Хернандез зголеми на 0-2, а откако истиот играч си даде авто-гол во 40. минута и ја врати Болоња во игра, на самиот старт на вториот дел гол даде Бонавентура, за 1-3. Глупоста на Бонавентура и направениот пенал во финишот кој го реализира Сансоне (2-3) донесе неизвесен финиш.

Милан има 20 освоени бода по 15 одиграни кола а во наредната рунда игра на домашен терен со Сасуоло. Болоња, пак, ќе се соочи со Аталанта исто така на домашен терен.

Состави

Sinisa Mihajlovic

4-2-3-1

    Stefano Pioli

    4-3-3