Милан без уште една ѕвезда во Скопје: И Донарума не доаѓа на реваншот!

Џанлуиџи Донарума

Очекувано, Винченцо Монтела, тренерот на Милан, ќе ги поштеди своите ѕвезди на реваншот против Шкендија со оглед на високата победа на првиот меч пред својата публика.

Вчера, италијанските медиуми ја потврдија информацијата дека „росонерите“ ќе пристигнат во Скопје без четири фудбалери и тоа Хакан Чалханоглу, Никола Калиниќ и Андреа Конти. Листата се зголемува од ден на ден, а денес таа доби нов член во името на Џанлуиџи Донарума, првиот голман на екипата на Милан.

На негово место, меѓу стативите на „Телеком арена“ ќе застане Марко Сторари, а негова замена ќе биде постариот брат на Џанлуиџи, Антонио Донарума.

Шансите на Шкендија се сведени на минимум, а приоритет на утрешниот натпревар ќе биде подобро издание од она првото во Милано.