Милан без Ибрахимовиќ на мегдан со Тотенхем во ЛШ

Фудбалскиот клуб Милан го објави списокот на повикани фудбалер за настап во нокаут рундата во Лигата на шампионите. „Росонерите“ ги очекува двомеч со Тотенхем во осминафиналето, а тренерот Стефано Пиоли го одбра ростерот на играчи. 

Интересно, на него го нема Златан Ибрахимовиќ кој е во завршниот дел на заздравувањето од операцијата. Искусниот напаѓач се очекува да се врати на терените во текот на овој месец, меѓутоа тој ќе заигра само во Серија А, бидејќи поради технички причини не е за списокот за евро-предизвикот. Милан по девет години е во нокаут рундата на Лигата на шампионите, а таму го чека дуел со Тотенхем. 

Од списокот е изоставен и Мајк Мењон, меѓутоа поради посебните правила кога се работи за голманите, Французинот може да биде внесен во протоколот, а така се очекува и да биде.