• Мартин Танасковски
Дефанзивецот на фудбалскиот клуб Милан, Французинот Тео Ернандез доби суспензија од два натпревари откако беше исклучен по натпреварот што неговиот тим загуби од Фиорентина во неделата (1-2).
„На крајот од натпреварот, играчот постојано даваше коментари кои одразуваат сериозно непочитување кон судијата“, соопшти дисциплинската комисија во Серија А.
Ернандез, кој ја носеше капитенската лента на последниот меч, ќе ги пропушти следните два натпревари на Милан, против Удинезе на 19 октомври и во Болоња една недела подоцна. Добра вест за „росонерите“ е што тој ќе биде на располагање за мечот со Наполи.