Милан бара крај на лошата серија на „Олимпико“

Серија А дојде на половина пат од шампионската трка и една работа изгледа очигледно. Никој нема да го спречи Наполи на патот кон титулата.

Актуелниот шампион и првата закана, Милан заостанува цели 12 бода зад „наполитанците“ и реалноста е дека соништата за одбрана на тронот згаснаа. Згора на тоа, за Милан е многу поважно да ја зачува позицијата на која е моментално и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Тоа веројатно ќе биде главната битка до крајот на сезоната. Има пет прилично рамноправни кандидати кои конкурираат за трите места, а Милан во вторник ќе биде домаќин на еден од нив.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Лацио и Милан

Лацио цели кон пласман во елитното натпреварување, а по мундијалската пауза почна полека да ја подобрува формата. Со победа над Милан би дошол на бод од истиот ривал и рамноправно би се вклучил во борбата за Лигата на шампионите. Проблемот е што тој ќе биде лишен од услугите на најдобриот играч и стрелец, Чиро Имобиле, а тренерот Маурицио Сари нема соодветна замена на центарфорската позиција, па најверојатно ќе игра со „лажна деветка“.

Зад „росонерите“ е лоша резултатска серија. Прокоцкана победа над Рома, кикс против Лече, а потоа и дебакл во Суперкупот на Италија против Интер. Пред избраниците на Пиоли императив е победа како одговор за резултатска криза, но суштински треба да се задоволат со реми кое ќе ги држи на исто растојание од „небесносините“.