Мијатовиќ ја шокираше јавноста: Партизан должи 53 милиони евра!

Предраг Мијатовиќ не престанува со објавување информации и податоци за работењето на претходната управа на белградски Партизан, за која неколку пати рече дека била „криминална и недомаќинска“. 

Клубот се мачи и се дави во долгови, за кои Мијатовиќ изнесе шокантни информации дека изнесуваат неверојатни 53 милиони евра! Српската јавност остана во неверување од овие тврдења, а дел од сумата е наталожена поради шест несфатливи и штетни договори со поранешни фудбалери. 

Сомнежите за криминал и перење пари растат, а Мијатовиќ смета дека институциите мора да ги „исчешлаат“ овие случаи и да ги изнесат виновниците пред лицето на правдата. Партизан има турбулентна сезона и во моментов е на втората позиција на табелата, со огромно заостанување од 17 бода зад лидерот Црвена Звезда.