Мијатовиќ: Го сакам Зидан, но направи многу грешки против Челзи

Зидан

Реал Мадрид немаше своја вечер во Лондон и заработи елиминација во полуфиналето од Лигата на шампионите од Челзи.

Поранешниот фудбалер на мадриѓани Предраг Мијатовиќ прстот го впери во тренерот Зинедин Зидан, кој го издвои како главен виновник за поразот на реваншот.

„Челзи беше супериорен во секој сегмент. Интензитет, ритам, создавање шанси... Го сакам Зидан, но мора да признаам дека направи многу грешки. Овој двомеч ќе му нанесе голема штета. Така беше и претходната година, иако со титулата во лигата поправи некои работи. Зидан направи многу погрешни работи и тоа резултираше со елиминација на Реал Мадрид.

Кога започна натпреварот се виде дека Винициус игра на позиција што не е негова, Реал практично не стори ништо. Тимот излезе тотално збунет, без да знае што да прави. Ќе видиме што ќе се случи во Примера“, изјави Црногорецот.

За „кралевите“ останува уште шансата во домашното првенство, каде се бори за одбрана на титулата. До крајот ќе одигра четири меча на кои не смее да си дозволи кикс, ако сака да ја спаси сезоната.