• Саше Љолес
Предраг Мијатовиќ дефинитивно се повлече од сите функции во белградски Партизан, откако поднесе оставка и од членството во Собранието на клубот.
Во јуни тој се откажа од функцијата потпретседател за спортски прашања, но тогаш не ја исклучи можноста еден ден повторно да се врати во Хумска, па дури и да се кандидира за претседател.
Сепак, Мијатовиќ повеќе нема функција во ниту едно тело на „црно-белите“. Неговото заминување доаѓа по период во кој клубот оствари пет победи во шест европски квалификациски натпревари, но не успеа да обезбеди пласман во групната фаза на Конференциската лига. Партизан во плеј-офот загуби на гости кај Хетафе со 3-1, а во реваншот во Белград оствари пирова победа со конечни 2-1.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
