ВИДЕО: Михтарјан ја „скина“ мрежата на Парма и даде гол за паметење во Серија А

Екипата на Рома е пред нова победа во Серија А, затоа што по првите 45 минути против Парма има убедливо водство од 3-0. 

Најзаслужен за одличната игра на „волчицата“ и сигурната предност е ерменскиот репрезентативец Хенрик Михтарјан, кој е автор на два од трите гола, а првиот е вистинско ремек дело. Поранешниот член на Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед и Арсенал во 32. минута испрати вистинска бомба кон гостинскиот гол, која заврши зад грбот на немоќниот Сепе.

  • Ефектниот гол на Михтарјан против Парма:

Покрај искусниот Ерменец за Рома погоди Борха Мајорал во 28. минута, за 1-0 за домаќините.