Михајловиќ за инцидентот во Рим: Полицаец ме нарече „циган“!

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ беше гостин на финалето од Копа Италија во Рим, но имаше мал инцидент пред мечот, кога полицајци го смируваа да не влезе со некого во физички конфликт.

Медиумите од Италија пишуваа дека се работи за навивачи на Лацио, но Михајловиќ открива дека навредата дошла од полицаец, кој го нарекол „циган“.

„Ме навреди еден полицаец. Срамота е што за време на мечот слушав како ме нарекуваат „циган“. Ниту еднаш не го чув спикерот да ги предупреди навивачите да не го прават тоа. Но, не можам да прифатам тоа да го прави униформирано лице. Тој треба да го води редот, а не да ме напаѓа и навредува“, изјави Михајловиќ.

Финалето на Копа Италија заврши со победа на Лацио од 2-0 во дуелот со Аталанта.