Михајлов: Жал ми е за Дориев – прекршокот не е намерен, па и нашиот фудбалер се повреди

Борец е вистински хит во ПМФЛ оваа есен. Вчера во Велес падна Академија Пандев, а екипата на Горазд Михајлов и натаму е најгледана екипа во нашата елитна категорија. Сепак, на велешани им сметаат оправдувањата за поразот кои ги бараат од струмичкиот прволигаш.

Тренерот Михајлов жали за повредата на Дориев, но не гледа ниту намера, ниту вина кај своите фудбалери.

„Жал ми е што Дориев се повреди, но тоа ниту беше остар старт, ниту намерна грубост од мојот фудбалер. Впрочем, и фудбалерот на Борец се повреди, бидејќи тоа беше невнимателен старт од двајцата фудбалери на ничија топка.

Не ми се допаѓа тоа што се користи секој момент да се омаловажи нашата победа. Ако зборуваме за судиите, Борец има што да каже. Знаете дека на одредени натпревари немавме среќа со некои судиски одлуки. Исто така, се апострофира играта на вештачка трева. Па, ние сме тие кои имаме најголеми проблеми со адаптација на терените и со природна и со вештачка трева. Треба да бидеме коректни и да не ги омаловажуваме противниците кога ќе победат“, ни рече Горазд Михајлов.

Борец е осми на првенствената табела со 14 бода, а в среда гостува во возвратниот натпревар од Купот против Струга Трим Љум.